Во Охрид од вчера се реализира втората смена од Летниот камп на фудбалскиот клуб Вардар на истиот присуствуват младите фудбалски надежи родени во генерациите 2007, 2006 и 2005. Тренери на истиот ќе бидат Игор Кралевски и Филип Арсовски кој ги водат двете генерации 2005 и 2006 во нашата Академија, а момчиња родени “2007“ година ќе ги води Зоран Петковски. За младите голмани од овие генерации на летниот камп ќе биде задолжен тренерот на голмани во нашата Академија Слободан Мутибариќ. На првиот вчерашен тренинг присуствуваа 150 деца кои работеа на осум различни “станици“, денес истите ќе бидат поделени во две групи. Интересен факт е што во кампот има доста дечиња од Штип, Прилеп и Охрид.