Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Песоа и Бразил загубија, Лакрабер и Херем одлични
Песоа и Бразил загубија, Лакрабер и Херем одлични

Песоа и Бразил загубија, Лакрабер и Херем одлични

Заврши настапот на четирите Вардарки во 1/4 финалето од Олимписките игри во Рио. Песоа и бразилската репрезентација, беа сопрени во 1/4 финалето од селекцијата на Холандија. Холанѓанките овој натпревар го добија со резултат 32-23. Ова значи дека Песоа наскоро заминува на пат за Скопје.

Шпанија и Франција одиграа вистински дерби ракомет во 1/4 финалето. Дури по продолженија од два пати по пет минути го добивме победникот, а тоа беше селекцијата на Франција. Првото полувреме беше очајно за селекцијата во која имаше ракометарки на Вардар. Само 5 постигнати голови, наспроти 12-те на Шпанија, по завршување на првото полувреме. На почетокот на второто полувреме, Франција започна да ги консолидира своите редови и речиси да ја преполови негативата, но “фуријата“ повторно врати со серија од три погодоци, за нови највисоки седум голови разлика. Како се ближеше крајот полека но сигурно се топеше предноста на Шпанија, а на 30 секудни пред крајот, Франција постигна гол за израмнување на резултатот. Се играа продолженија во кои  Французинките победија минимално, со резултат 27-26. Лакрабер и Лејно повторно ќе ги гледаме во 1/2 финалето. Лакрабер постигна седум погодоци, и беше најдобар стрелец во својот тим.

Норвешка имаше најлесна задача во 1/4 финалето. Норвежанките вчера на убедлив начин ја победија селекцијата на Шведска 33-20. Се беше јасно на овој натпревар уште на полувреме, кога се замина со резултат 19:7. Најзаслужна за високото почетно водство на Норвешка беше голманката Гримсбо, која и овозможи на својата репрезентација да има високи седум голови предност по 15 минути игра. Во второто полувреме разликата само растеше во полза на фаворитот, кој на крај повеќе од заслужено обезбеди триумф.  Нашата нова ракометарка Херем успеа да постигне пет погодоци.