Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Нов триумф за кадетската ракометна репрезентација на ЕХФ Шампионатот
Нов триумф за кадетската ракометна репрезентација на ЕХФ Шампионатот

Нов триумф за кадетската ракометна репрезентација на ЕХФ Шампионатот

Втора победа за кадетската ракометна репрезентација на ЕХФ Шампионатот кој се одржува во Бугарија. Нашата селекција по воведната победа против Кипар, во рамките на второто коло од групната фаза беше поуспешна и од Ерменија.

Конечниот резултат од 49:13 говори за одразот на силите на теренот и квалитетот на двете репрезентации. Слично како и на претходниот дуел, така и на овој натпревар сите дилеми околу конечлниот победник беа решени уште по првото полувреме, кога на одмор се заиман со убедливи 26:6 во наша корист. Продолживме и во вториот дел со добра игра, што резултираше со зголемување на водството. Во 40 минута имавме предност од 34:9. До крајот на дуелот само четири гола во нашата мрежа, за разлика од нашите ракометари кои во нападот беа многу поефикасни.

Денес на програмата е нов натпревар за избраниците на Илија Темелковски. Противник од 16 часот ќе ни биде селекцијата на Украина. Се надеваме денес на добро издание на нашите момци и продолжување на победничката серија.