Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Новата сезона за Вардаровите генерации започнува со дуел против Академија Пандев
Новата сезона за Вардаровите генерации започнува со дуел против Академија Пандев

Новата сезона за Вардаровите генерации започнува со дуел против Академија Пандев

Во сабота и официјално стартува нова сезона во првенството на младинските фудбалски категории. Противник во првото коло за Вардаровите екипи ќе биде Академија Пандев. Пионерските екипи ќе гостуваат во Струмица, додека кадетите и младинците како домаќини на теренот во населбата Јане Сандански ќе ги пречекаат своите врнсици од А.Пандев. Сите мечеви ќе бидат одиграни во сабота.

-Помладите пионери предводени од Сашо Јанев својот натпревар ќе го започнат во 11 часот. Минатата сезона ја завршивме на второто место, веднаш зад екипата на Работнички. Имаме позитивен биланс во мечевите со А. Пандев од сезоната 2015/2016. Двата натпревари ги добивме со идентичен резултат од 1:0, додека во 1/8 од националниот куп на натпреварот одигран во Струмица, победиме со резултат 1:3. Оваа генерација останува речиси со истиот состав, која ќе се обиде во новата сезона да стане шампион во оваа категорија.

Пионерите под водство на Сашо Тодоровски ја бранат двојната титула освоена во претходната сезона. Тие во финалето на купот ја победија екипата на Милано, додека во борбата за титулата во лигата, беа подобри од екипата на Шкупи. Освоен е првиот трофеј и во новата натпреварувачка сезона и тоа на “Скопје куп“, каде во големото финале бевме подобри од екипата на Сесвете( Хрватска). Во новата сезона ќе бидеме засилени за Филип Стојановски и Филип Антовски, кој успеавме да го регистрираме за настап во црвено-црниот дрес. Минатата сезона забележавме три убедливи победи, против врсниците од А.Пандев. Во 1/8 на купот бевме убедливи на гостувањето во Струмица (0:6), додека во рамките на 7 и 18 првенствено коло забележавме победи од 2:0 и 0:3. Натпреварот во Струмица ќе започне од 13 часот.

Домашните натпревари оваа сезона ќе ги играме на теренот во населбата Јане Сандански. Први кои ќе отворат ќе бидат кадетите, кои имаат “нерасчистени сметки“ со екипата на А. Пандев. Две победи за струмичани, од кои една во финалето на купот и еден нерешен резултат е билансот од нивните меѓусебни натпревари од претходната сезона. Од тука глема е желбата и мотивираноста на нашите кадети, под водство на Влатко Колев за триумф и добро отварање на новата сезона. Најголемо засилување за тимот ќе биде повратникот Андреј Кировски, кој заедно со Дејан Маркоски и Александар Трајчевски треба да бидат најголеми адути за оваа генерација. Натпреварот ќе стартува од 10 часот.

Два часа подоцна од 12:00 својот натпревар ќе го стартуваат и младинците на ФК Вардар кои ја бранат титулата шампион на Македонија. Изминатава сезона ги добивме двата првенствени мечеви со овој противник 2:3 и 1:0, додека го загубивме големото финале во купот на Македонија. Дел од екипата веќе не се Апостоловски, Кремески, Тасевски, Велкоски и Јовановски. Нови засилувања во тимот предводен од Љупчо Марковски-Калц се повратникот Александар Најдоски и Тоше Тодоровски.