Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Историја > Уште како дете се истакнуваше со своите дриблинзи – Методија Спасовски
Уште како дете се истакнуваше со своите дриблинзи – Методија Спасовски

Уште како дете се истакнуваше со своите дриблинзи – Методија Спасовски

vardarfans-spasovskiУште како дете се истакнуваше со своите дриблинзи. Најпрвин стана носител во играта на ФК Единство, а набргу за неговите квалитети ”дознаа” и од ФК Вардар. Во 1962 година дојде и тој ден, Мете Спасовски се најде во кабината на Вардар, го облече Вардаровиот дрес и настапи на повеќе од 600 натпревари, што првенствени, што пријателски.

Неуморен во играта, мајстор на владеењето со топка, префинет техничар, незадржлив во пробивите – ова беа неколку од карактеристиките во играта на Вардаровата 11-ка. Сите овие особини ги покажа и потврди и во дресот на младата југословенска репрезентација, каде со успех настапи во Скопје против селекцијата на Франција. На најголемиот стадион во светот, на Маракана во Рио де Жанеиро, на средбата со една од најсилните селекции во светот Бразил. Мете дебитираше и во дресот на југословенската репрезентација и го постигна првиот гол. За неа одигра уште неколку натпревари, а во сеќавање секако дека ќе му остане настапот во Скопје, каде на средбата со Белгија успеа да постигне два гола и да биде прогласен за најуспешен играч.  Методија Спасовски