Младинките на Жрк Вардар ја забележаа втората победа по ред, во втората фаза од првенството. После победата против Стружанка на гостински терен, викендов издвојуваа уште еден триумф. Во С.Р.Ц. Кале беа подобри од екипата на Пелистер, со резултат 19:10. Александра Вељаноска беше најефикасна, постигнувајќи 9 гола.
-Презадоволни сме од играта и резултатот. Со Пелистер секогаш се игра убав ракомет, што не беше исклучок и вчера. Противничкиот тим играше одлично. Ние бевме максимално фокусирани и во нападот и одбраната, што придонесе за ваков резултат на нашиот тим. Одбраната сепак беше клучна за оваа победа. Се надевам дека и во продолжение од сезоната ќе победуваме, изјави нивниот голман Јована Мицевска за Вардарфанс.
Звонко Ивановски