Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Слатка “одмазда“ за А. Пандев, Вардаровите кадети со играч помалку цели 55 минути ја стартуваа сезоната со победа
Слатка “одмазда“ за А. Пандев, Вардаровите кадети со играч помалку цели 55 минути ја стартуваа сезоната со победа

Слатка “одмазда“ за А. Пандев, Вардаровите кадети со играч помалку цели 55 минути ја стартуваа сезоната со победа

Денес започна новата сезона во првенството на младинските фудбалски категории. Својот натпревар од првото коло го одиграа кадетите на ФК Вардар, кои за противник ја имаа екипата на Академија Пандев.

Тренерот Колев започна со следниве 11-сетмина: Зибери, Џуклески, Јордановски, Серафимов, Насковски, Менкиновски, Спировски, Петревски, Трајчевски, Стоименов, Абдула Шкор.

Првиот обид на мечот го имаа Вардаровите кадети со глава на Абдула Шкор, по упарен центаршут на Трајчевски. По само пет минути игра гостите од Струмица успеваат да го отварат резултатот и да поведат со 0:1. На голот преходеше грешка на нашиот голман Малик Зибери, кој ја испупти топката од рацете која дојде до еден од противничките играчи кој ја внесе топката во нашиот гол. Овој примен гол не ги обезхрабри нашите момци кои тргнаа офанзивно кон противничкиот гол. Трајчевски се обидува од слободен удар, но топката завршува покрај нашиот гол. Набргу стигна израмнувањето за 1:1. Стрелев на голот беше капитенот Александар Трајчевски и тоа од трет обид, отккао претходно во иста акција на два пати ја погодивме пречката од голот на А.Пандев. Продолживме да го напаѓаме голот на Струмичани, Вардар беше многу подобра екипа на теренот создавајќи неколку шанси. Ваквата игра ни донесе и предност од 2:1, со голот на Никола Серафимов кој прецизно биеше со глава. Истиов играч повторно се најде во прилика, но овој пат голманот на А. Пандев го скротува неговиот удар. Се играше некаде половина од првото полувреме, кога Академија Пандев имаше слободен удар од некаде 25 метри. Успешно пласирана во левиот агол на нашиот чувар за израмнување на резултатот на 2:2. Се започна од почеток, Вардар тргна повторно да го напаѓа голот на противникот. Идентичен погодок на црвено-црните , повторно од прекин нафрлена топка од Трајчевски, на вистинското место се најде Абдула Шкор кој беше највисок во скокот и со глава ја смести топката во голот, за нова предност од 3:2. Во продолѓение од дуелот избраниците на Влатко Колев беа драстично ослабени, поради исклучување на еден наш играч. При еден прекршок судијата му покажа втор жолт картон на Џуклески, кој беше принуден да ја напушти играта. Во последната минута од првото полувреме, Зибери спасува чист гол, откако се створи голема шанса за еден од напаѓачите на А. Пандев. Првото полувреме завршува со наше водство од 3:2

vardarfans kadeti

Две замени во нашиот табор на стартот на вториот дел. Во игра влегоа Стојчевски и Тодоров. Бевме принудени да го браниме ова водство, поради играч помалку на теренот. Очекувано во вториот дел противникот имаше посед на топка, но без посериозни шанси во првите 15 минути од второто полувреме. Одлично ги отсекувавме нивните напади и се обидувавме преку контри да го загрозиме голот на Струмичани. Трајчевски се обиде упати удар, но овој удар немаше сила па беше лесен плен за противничкиот чувар на мрежата. Обид имаше и Гоце Насковски од голема далечина, само покрај голот. Времето работеше за Вардар. Нова измена во нашиот состав од игра излегува капитенот Трајчевски кој денес претрча премногу и беше сигурно најдобар поединец на теренот, на негово место влезе Скендерски. Издржавме пред налетите на Пандев, судијата свирна крај за конечен резултат од 3:2 на овој меч.

Ова се многу важни бодови за кадетите, ако се земе предвид дека цели 55 минути играа со играч помалку. Одлична тактичка поставеност на тренерот Колев, кој го одбрани ова водство на неговата екипа.