На турнирот „Винко Кандија” во Љубљана, девојките на ЖРК Вардар отворија со убедлив триумф над екипата на Хипо од Австрија. Нашите девојки овој натпревар го добија со резултат 36-23. Вардарки иако на овој натпревар, и воопшто на овој турнир, ќе настапат ослабени, сепак, се големи фаворити за освојување на овој турнир.
Вардар уште од самиот старт покажа доминација на теренот, а највеќе на теренот се истакнала новото наше крило, словенката Тамара Мавсар со девет постигнати погодоци. Исто така и Дамњановиќ и Хмирова одиграа одличен натпревар. Утре нашите ракометарки силите ќе ги одмерат со два тима. Најпрвин ќе одиграме со Подравка а потоа и со Крим во вечерните часови.
Вардар – Хипо 36-23 (19-11)
ВАРДАР: Петковска, Мавсар 9, Дамњановиќ 7, Лазовиќ 4, Алтхаус, Илина 1, Пенезиќ 3, Човиќ, Ихнева 2, Суслина, Хмирова 7, Ристовска 3