Денес е последен ден на турнирот “Фер Плеј куп, кој изминативе три дена се игра во градот Охрид. Сите три Вардарови генерации успеаа да обезбедат пласман во големото финале, кое е на програмата до крајот на денот.
Генерација родени “2005“ година во големото финале ќе играат со екипата на Фер Плеј. Овој меч започнува во 17:30 часот. Во четвртфиналето со сретнавме со екипата на Шумадија, која ја победивме со резултат 1:0. Давор Серафимов беше стрелец на голот, вреден пласман понатаму. Во полуфиналето избраниците на Кралевски славеа минимално со 1:0 над одличната екипа на Кикер Краљево. Противникот долго држеше отпор и по првиот дел резултатот беше оној почетниот 0:0. Сепак во вториот дел искористивме една од повеќето шанси кои ги создадовме. Стрелец на единствениот погодок беше Никола Величковски и тоа во последната минута од натпреварот, кој пружа одлични партии на овој турнир.
Избраниците на Филип Арсовски, генерација родени “2006“ година како “брз воз“ поминаа во четврфиналниот и полуфинален меч. Најпрво во четвртфиналето бевме подобри од домашната екипа на Фер Плеј. Тука резултатот на крај гласеше 3:0 во наша корист. Никита Патаровски беше одличен постигнувајќи два гола, додека во листата на стрелци се запиша и големата надеж Дарко Сековски. Ниту во полуфиналето нашите момчиња немаа поголеми проблеми, запишувајќи триумф против екипата на Шумадија. Доминација во текот на целиот меч, на кој не му дозволивме на противникот многу да се изнаигра. Четири различни стелци за триумф од 4:0 на овој меч. Стефан Коловски, Максим Цониќ, Давид Голубов и Дарко Сековски најавија финале за генрација “2006“. Таму ќе се сретнеме со екипата на Кикер Краљево.
Финале и за нашата најмлада генерација “2007“ на овој турнир. Избраниците на Зоран Петковски исто така беа доминантни во денешните мечеви. Најпрво во четвртфиналето ја победивме убедливо екипата на Нова Колонија со резултат 3:0. Следна препрека и последна до големото финале ни беше екипата на Кикер Краљево. Вардарци и на овој дуел однесоа триумф, сосема заслужено бидејќи покрај постигнатите голови имавме уште неколку одлични шанси. Конечниот резултат гласеше 2:1. Во големото финале ќе играме против тимот на Фер Плеј.
Им посакуваме многу среќа во финалните мечеви на сите наши екипи.