Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардаровиот младинец Есмин Личина настапи за првиот тим на Фк Вардар, на вчерашниот куп натпревар

Вардаровиот младинец Есмин Личина настапи за првиот тим на Фк Вардар, на вчерашниот куп натпревар

Нашиот фудбалски шампион успешно ги започна настапите во националниот куп, откако вчера во рамките на 1/16 беа убедливи во дуелот со екипата на Скендербеу. Она што е поважно е промовирањето на двајца играчи од младинската школа на Вардар, кои вчера добија шанса за настап во првиот тим. Се работи за Ердон Даци и Есмин Личина. Инаку Есмин беше единствениот кој беше дел од подготовките на тимот во Австрија и Хрватска, пред почетокот на оваа натпреварувачка сезона. Ова е веќе петта година за Личина во црвено-црниот дрес, кој е капитен на Вардаровите младинци кои се предводени од тренерот Љупчо Марковски-Калц. Својата играчка кариера ја започнува во екипата на Петровец, од каде преминува во екипата на Нова Колонија натпреварувајќи се со повозрасни генерации. Таму се задржува пет години. Неговиот талент го препознаваат луѓе од младинската школа на најголемиот клуб, кои се решаваат да го донесат во Вардар. Тој е стандарден репрезентативец на Македонија до 18 години. Има многу настапи и за Б-тимот на Вардар, каде беше повикан од Александар Васоски.

Вчера шефот на стручниот штаб му даде шанса да влезе во игра во53 минута од натпреварот. Одличен играч со пред се дефанзивни задачи. Може подеднакво добро да игра на позцијата централен дефанзивец и прв играч псоле одбраната.

Фото:Кочо Сотировски