Одлични вести ни пристугнуваат од таборот на Рк Вардар, Словенецот Матјаж Брумен кој мака мачи со повреда на раката, сепак нема да оди на операција и ќе ја продолжи сезоната.
По низата консултации со лекари, решено е дека Брумен може да ја продолжи сезоната, и да им помогне на своите колеги во Лигата на Шампионите со Висла, и во понатамошните мечеви на Вардар во Домашната лига, и Сеха лигата.
Вардар веќе во сабота го очекува најважниот дуел оваа година, против Висла од Плок, првиот 1/8 финален натпревар од нокаут фазата во Лигата на Шампионите.
Во Полска пристигнуваат и 100-тина Комити!