Помладите пионери на ФК Вардар стигнаа до првата првенствена победа, откако денес беа подобри во дербито со екипата на Пелистер. Црвено-црните се враќаа во мечот после негатива од 0:1 и поведоа со 2:1. Следеше израмнуање на резултатот, но Марио Илиевски во 72 минута од мечот обезбеди триумф, за конечен резултат од 3:2. Останатите два гола беа дело на Мартин Спировски и Виктор Петкоски.
Погледнете ја фотогалеријата од денешниот натпревар: