Веќе се познати првите единаесетмина кои ќе го одиграат ова четврто коло во првата лига со Брегалница. “Чувар на мрежата“ ќе биде Филип Гачевски. Во одбраната Владица Брдаровски, заедно со капитенот Бобан Грнчаров, потоа Немања Мијушковиќ и Благоја Љамчевски. Во средината на теренот како последни играчи за врска Никола Глигоров и Стефан Спировски. Потоа на крилните позиции Дамир Којашевиќ и Петар Петковски со Хуан Фелипе во офанзивниот дел, и во нападот бразилскиот интернационалец Џонатан Боарето.
Седлоски на клупата за резерви ги остави: голманот Игор Алексовски, Дарко Глишиќ, Евгениј Новак, Бобан Николов, Виктор Велкоски, Владица Брдаровски и Џон Обрегон. Мечот може да го следите во живо-ТУКА!