Екипата на Фк Вардар(У 16) предводени од Туш Зефиќ забележаа несреќен пораз и во второто коло на фудбалската лига.Екипата на Македонија Ѓ.П. овој пат беа поуспешни од Вардаровите момци совладувајќи ги со 3:2.Противникот успеа да ги казни пропуштените шанси и одличните можности на црвено-црните на овој натпревар,кои ги имаше и повеќе од многу.
-Да изгубивме два натпревари,против Пелистер и овој со Македонија Ѓ.П. ,но тука ништо не е завршено.Можеби после двата примени гола паднавме психички,но не го изгубивме нашиот квалитет.Сепак ова е само еден лош почеток кој нема вечно да трае.Тоа се само два изгубени натпревари,а ги има уште многу до крајот.Сепак нема оправадување за изгубените дуели,се што можеме е да го вратиме нашиот клуб Вардар на врвот од табелата.Тоа е и нашата главна цел, изјави стрелецот на еден од головите Мартин Филипоски за Вардарфанс мк.
И ние се надеваме дека во продолжение на сезоната овие момци ќе ја вратат формата,и ќе докажат дека многу вредат,што го покажаа претходно и многу пати,кога на “турнирот на пријателство“ во Бих малку фалеше да играат во полуфиналето.
01.09.2014
Звонко Ивановски