Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Марко Ѓоргиевски за Вардарфанс:Ќе да дадеме се од себе да го освоиме купот.
Марко Ѓоргиевски за Вардарфанс:Ќе да дадеме се од себе да го освоиме купот.

Марко Ѓоргиевски за Вардарфанс:Ќе да дадеме се од себе да го освоиме купот.

После двата порази во првенството,екипата на Фк Вардар У 16 им се врати на победите во купот на Македонија.Во 1/16 на купот црвено-црните беа подобри од своите врсници,екипата на Ренова,забележувајќи убедлива победа од 3:0.Момците на Туш Зефиќ одиграа одлично на овој натпревар и имаа целосна доминација и контрола на играта.На крај сосема заслужено остварија победа,која можеше да биде изразена и со повисока предност.Стрелци на головите беа:Марко Ѓоргиевски(2) и Виктор Ивановски.

-Првиот натпревар од купот го одигравме одлично,забележавме победа од 3:0.Имавме шанси да постигнеме и повеќе гола,но ние сме задоволни и со овој резултат.Ќе дадеме се од себе да го освоиме купот,и сигурен сум дека ќе биде така.Најважно е што им се вративме на победите,што е огромен стимул за нас да продолжиме да работиме,и да докажеме дека вредиме,изјави двојниот стрелец Марко Ѓоргиевски за Вардарфанс мк.

07.09.2014

Звонко Ивановски

Leave a Reply