Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Мартин Филипоски за Вардарфанс:Конечно видоа каков фудбал игра Вардар.
Мартин Филипоски за Вардарфанс:Конечно видоа каков фудбал игра Вардар.

Мартин Филипоски за Вардарфанс:Конечно видоа каков фудбал игра Вардар.

Момците на Туш Зефиќ ја остварија првата победа во првенството,и тоа против екипата на Работнички совладувајќи ја со високи 4:0.Со овој резултат екипата на Фк Вардар У 16 им се вратија на победите во лигата,а ја продолжија победничката серија од минатиот викенд во купот на Македонија кога беа подбри од екипата на Ренова.

Мечот помина во целосна доминација на црвено-црните кои го решија победникот уште во првото полувреме кога имаа водство од 3:0 ,за на почетокот на вториот дел да ги постават конечните 4:0.Стрелци за Вардар на овој натпревар беа:Мартин Филипоски(2),Марко Ѓоргиевски и Кристијан Ристовски.

-Полека се се враќа на свое место.Изјавив пред две кола дека,серијата на порази нема вечно да трае.Го контролиравме целиот натпревар, и знаевме како да одиграме од почетокот.Конечно видоа сите кои сме,и каков фудбал игра Вардар,изјави Мартин Филипоски за Вардарфанс.мк.

13.09.2014

Звонко Ивановски

Leave a Reply