Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Вардар У 16 ремизираше со Металург.

Вардар У 16 ремизираше со Металург.

Екипите на Вардар У 16 и Металург одиграа без голови 0:0 ,во рамките на 4 коло од младинската фудбалска лига.Иако Вардар имаа поголем посед на топка и неколку добри шанси за гол,сепак резултатот остана непроменет. 1381864_1428858750666434_1513931653_n

Првата посериозна шанса за погодок,ја имаше најдобриот играч на црвено-црните,Марко Ѓоргиевски кој доби топка од неговите соиграчи,но биеше високо над голот на противникот.По еден изведен корнер,еден од играчите на Металург ја исфрли топката со глава,која дојде до Виктор Пешевски кој шутираше покрај голот.Продолжија нападите и шансите за Вардар и во продолжение на натпреварот.По една одлична акција на Вардаровите момци,која почна од средината на теренот со неколку прецизни додавања,Кренарт Дардиша се ослободи од неколку противнички фудбалери биеше кон голот,но неговиот удар го одбрани противничкиот голман.Јетон Шахини ја имаше последната можност да донесе водство на Вардар,но и овој пат голманот на Металург беше на вистинското место.

По четири кола,оваа генерација има скор од 2 порази,една победа и 1 нерешен резултат.Овој викенд  е слободен за нив,поради директниот пласман во следната фаза од купот на Македонија.

21.09.2014

Leave a Reply