Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Борјан Томовски: Јас го сакам многу фудбалот и Вардар и сакам еден ден да заиграм за репрезентацијата на Македонија

Борјан Томовски: Јас го сакам многу фудбалот и Вардар и сакам еден ден да заиграм за репрезентацијата на Македонија

Најмладата Вардарова генерација која се натпреваруваше во детската лига, момчиња родени “2007“ година успеаа да станат шампиони на Македонија во својата возрасна категорија. Избраниците на Томче Трајановски во текот на целата сезона имаа забележано повеќе од 43 победи, натпреварувајќи се со две екипи во лигата. На крајот заслужено нашите млади надежи го подигнаа трофејот за освоеното прво место. Беа постигнувани многу погодоци од страна на црвено-црните, кои беа офанзивно ориентирани на секој натпревар. Третиот најдобар стрелец на оваа генерација беше Борјан Томовски, кој сезоната ја заврши со 32 постигнати голови, со кои имаше важна улога во добрите резултати на екипата. Голем потенцијал, вистинско уживање е кога го гледате Борјан на теренот. Чуство за игра, а освен голгетер е и одличен асистент. Прочитајте во следново интервју за Борјан Томовски, кој има можност да стане врвен фудбалер.

-Уште како мал многу ја засакав фудбалската игра. Кога наполнив 6 години го посетивме клубот Вардар со моите родители и започнав со тренинзи со тренерот Зоран Петковски. Тој ми беше тренер само кратко време од неколку месеци, а потоа тренер ми беше Томче Трајановски во период од скоро две години. Јас го сакам многу фудбалот и сакам еден ден да станам фудбалер и да заиграм за фудбалската репрезентација на Македонија.

Јуниор лигата како најнов проект има за цел да ги соедини сите школи од Македонија да се натпреваруваат во лигата. Носење на црвено-црниот дрес е голема гордост за секој играч.

-Проектот на ФК Вардар, “Јуниор лигата“  е одличен и добро е што децата имаат можност да се натпреваруваат со нивни врсници од цела Македонија. Вардар е најголемиот македонски клуб и секако играњето во Вардар за мене значи многу.

vardarfans sampioni

Вардаровата генерација “2007“ го освои првото место во детската лига за изминатата сезона. Овие момчиња покажаа како се игра од срце за Вардар и повеќе од заслужено станаа шампиони на Македонија во својата возрасна категорија.

-Минатата сезона во детската лига го освоивме првото место. Тоа беше голем успех за нас како најмлада генерација, која се натпреваруваше во лигата. Оваа сезона почнавме со подготовки со новиот тренер Зоран Петковски и се надеваме дека и новата сезона ке го освоиме првото место во лигата.

Освојувањето ан силниот меѓународен турнир “Фер Плеј куп“ беше добра најава за почетокот на новата сезона. Нашите млади надежи на убедлив начин го освоија турнирот, а Борјан со своите погодоци во голема мера доприносе за освојување на златниот медал.

-Во Охрид си поминавме многу убаво и во кампот се дружевме со децата од другите школи. Имаше голем број на екипи од неколку различни земји. На турнирот победивме на сите седум натпревари и заслужено го освоивме првото место, изјави Борјан Томовски за нашиот сајт.

Звонко Ивановски