За нешто помалку од 30 минути, младинците на ФК Вардар ќе го дознаат својот противник во Лигата на шампионите. Доколку го минат Вардарци овој денешен противник, следуваат дуели во 1/8 финалето со уште по реномирани екипи.
УЕФА веќе направи делегирана ждрепка, и еве ги можните противници на Вардар: Цирих (Швајцарија), Шериф (Молдавија), Спарта Прага (Чешка), Зрињски Мостар (БиХ), Виторул Костанца (Романија), Салцбург (Австрија) и Младост Подгорица (Ц. Гора). Натпреварите ќе бидат одиграни во систем дома – гости. Првите натпревари се играат на 27/28 септември, додека пак реваншите 18/19 октомври. Ова е историска шанса за нашиот тим да се натпреварува и да собира искуство со реномирани младински екипи.