Фото:fkvardar.mk
Во заостанатиот меч од 19-тото коло во ПМФЛ, нашиот Вардар го победи Металург со 2:1 Првиот дел започна многу лошо за Вардар, по една грешка на Спировски кој го фаулираше противникот, главниот судија досуди пенал за Металург, а Миле Крстев погоди од белата точка за 0:1
По овој гол Вардар ја имаше топката речиси 80% во свој посед, шанси за гол имаше, но реализацијата изостана. Вардар одигра во првите 45 минути без креација во играта, само со напади по страничните позиции, преку Попов и Хамбарџумјан. Шансите се редеа Блажевски, Ивановски, Љамчевски, но сите шутеви беа надвор од рамката на голот.
Во 31-минута Дашјан се обиде со силен удар од 15-тина метри, но голманот на Металург одбрани.
Во 42 минута по една добра топка од Попов, Блажевски одлично ја прими и од 5 метри го матираше гостинскиот голман за 1:1, со овој резултат се замина на полувремето.
Во вториот дел влезе во игра Ибричиќ на местото на Стојанковски, во 50-тата минута по еден центаршут на Хамбарџумјан топката се одби до Љамчевски кој со волеј удар го матираше голманот на Металург за 2:1
Потоа Вардар ја чуваше топката, шутираше кон голот на Металург на неколку наврати неопасно се до 70-тата минута, кога се повлече а Металург напаѓаше, најопасните шанси ги имаше преку Тантуровски и Бујчевски кои имаа одлични можности да стигнат до 2:2 но резултатот не беше променет. Во играта на Вардар влегоа уште Асани и Деспотовски.
Во недела Вардар му гостува на Хоризонт од Турново.
Комити верна сенка на ВАРДАР, песна 90 минути ечеше на стадион !