Кадетите на Рк Вардар ја забележаа седмата првенствена победа, откако вчера беа подобри од екипата на Зомимак од Струмица. Натпреварот се играше на Кале, во кој црвено-црните забележаа убедлива победа со резултат 44:15. Без поголеми проблеми во играта, успеаа да впишат нова важна победа во борбата за шампионската титула. На полувреме резултатот беше 21:8, што ја потврдува доминацијата на овој меч.
-Го одработивме овој меч солидно со некои помали технички грешки, кои се надевам дека ке ги сведеме на минимум во наредниот период, во кој што ни престојат три гостувања. Најважно е што забележивме победа на овој дуел.
Чуварот на мрежата, Стојов после пауза од одреден период се врати на теренот.
- Јас сум задоволен од мојот настап бидејки по долга пауза добро го одработив овој меч, исто како и мојата екипа, изјави Кристијан Стојов за Вардарфанс.
Звонко Ивановски