Wednesday ,27 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Познати противниците во групата за младинските екипи на РК Вардар, на турнирите во Загреб и Сараево

Познати противниците во групата за младинските екипи на РК Вардар, на турнирите во Загреб и Сараево

Три младински екипи на ракометниот клуб Вардар во наредниве денови ќе учествуваат на силни турнири во Загреб и Сараево. Веќе се познати групите и противниците во групната фаза за нашите тимови.

Младинците на РК Вардар под водство на тренерите Чивлачки и Грчевски ги дознаа своите противнвници на турнирот “Дубрава 2016“. Екипите се поделени во две групи, од кои во нашата ќе има шест, додека во другата пет тима. Вардарци ќе бидат во група со екипите на Дубрава, Загреб, Вараждин, Сесвете и Павлеки. Во петок ги стартуваме натпреварите на турнирот, на кој во еден ден ќе одиграме дури три меча. Најпрво со почеток од 09:00 часот играме против Сесвете, во 12 часот за противник ја имаме екипата на Вараждин, додека во вечерниот термин од 19 часот го играме и третиот меч против Павлеки. Во сабота ќе ги одиграме и останатаите два натпреаври од групната фаза. Мечевите ќе се играат во две полувремиња по 25 минути.

Младинците на РК Вардар Јуниор предводени од Пепи Манасков ќе учествуваат на турнир во Сараево “Повеќе од игра“. Тие ќе бидат во група со Извиѓач, Босна Центротранс и Целје Пивоварна Лашко. Првиот меч го играме во петок, со почеток од 16:40 часот потив Целје.

Пионерите предводени од Андријана Будимир ќе играат на турнирот “Дубрава 2016“ и своите мечеви ќе ги играат во спортската сала “Сава Спорт“.  Во оваа генерација ќе се натпреваруваат 12 екипи, поделени во две групи. Нашите млади надежи се дел од групата А заедно со екипите на : Дубрава, Чаковец 1, Дуго Село, Павлеки и Вараждин 1930. Во петок ги започнуваме настапите на турнирот и тоа со три натпревари на програмата. Започнуваме против РК Павлеки, а заврпуваме во вечерниот термин со Вараждин. Ќе се играат две полувремиња по 20 минути.