Првото коло од новата сезона во Сеха регионалната лига заврши со нерешен резултат за Вардарци. Веќе во вторник нашиот тим го очекува нов натпревар, и тоа против лутиот ривал, тимот на Металург. На натпреварот во вторник Вардар ќе настапи без својот капитен и пикер, Стоилов. Стоилов доби црвен картон на дуелот против Мешков Брест, што значи дека автоматски добива еден натпревар суспензија.
Вардар во вторник ќе настапи без Стоилов, но во тимот ќе бидат Македа и Чупиќ кој не играа на првиот натпревар на отварањето. Исто така се очекува Карачиќ и Деревен да имаат минутажа. Натпреварот против Металург ќе се одигра во СЦ. ‘Борис Трајковски”.