Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Втора последователна година, Стефан Тасев е најдобар голман на турнирот во Благоевград, а четврто ново признание од турнирите во Бугарија

Втора последователна година, Стефан Тасев е најдобар голман на турнирот во Благоевград, а четврто ново признание од турнирите во Бугарија

Изминатиов период, генерацијата на фудбалскиот клуб Вардар родени “2004“ година учествуваа на силен меѓународен турнир во Благоевград. Избраниците на Ане Андовски на крајот го освоија четвртото место, идентично како и минатата година кога на истиов турнир, тогаш предводени од Филип Арсовски завршија како четвртопласирани. По завршување на финалниот натпревар и оние за пласман беа доделувани поединечни награди за најдобри поединци.

vardarfans priznanie

Признанието за најдобар голман кај оваа генерација заврши во рацете на Вардаровиот голман, Стефан Тасев. Она што е поинтересно и голема сатисфакција за овој млад чувар на мрежата е тоа што на четвртти последователен турнир на кој учествува неговата екипа, Тасев е избран за најдобар голман. Истава награда ја доби и на минатогодишниот турнир во Благоевград. Продолжи во 2016 година да ги собира наградите на турнирите во Бугарија, каде беше прогласуван за најдобар голман на турнирот “Балканика куп“, потоа “Евима“ куп и штотуку завршениот во Благоевград. Награда за најдобар голман доби и на турнирот “Фер Плеј куп“, кој се играше минатата година во Охрид. Што и да се каже за Стефан е прилично малку, ова момче испишува историја зад своето име и на тие години може да се пофали со голем број на признанија и тоа од силни меѓународни турнири, на кои учествуваат најдобрите фудбалски школи.