Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Uncategorized > КУГЛАЊЕ! Вардар го победи ГТЦ во “контролка“, дуото Димитовски-Влаќевски повторно делеше лекции

КУГЛАЊЕ! Вардар го победи ГТЦ во “контролка“, дуото Димитовски-Влаќевски повторно делеше лекции

Вчера во кугларницата “Мусандра“ лоцирана во градскиот трговски центар во Скопје се одигра пријателски тест дуел помеѓу екипата на КК ГТЦ и нашиот црвено-црн кугларски колектив. Во истиот поуспешни беа избраниците на Драги Димитровски кои ја однесоа победата на овој тест-натпревар, со над 130 “соборени дрва“ предност во крајниот резулат.

На мечот екипата на ГТЦ која е домаќин на мечевите во македонската кугларска  лига токму во оваа куглана стигна до бројката од 3337 “соборени дрва“ на мечот. Играчите на КК Вардар до победата дојдоа со скор од 3471 “соборени дрва“. Повторно се покажува дека црвено-црните го имаат најдоброто ударно дуо во лигата, Димитовски-Влаќевски  кое повторно делеше лекции по куглање. Тие имаа најдобар скор од сите натпреварувачи кои играа на овој меч, со резултат од над 600. Димитар Димитовски  броеше до 622, а пак Бојан Влаќевски собори 610 “дрва“. Со овие континуирани резулати они двајца покажаа дека се во форма и дека може на нив да се потпре тренерот, соиграчите и стручниот штаб. Во последниот дуел од минатата сезона вардарци однесоа триумф со победа со 7:1 над овој противник. Иако со таа оваа победа црвено-црните прокнижиа нови бодови сепак од овој дуел ќе остане забелeжано нешто сосема друго тоа е дека Вардар  со 3608 “соборени дрва“ постави нов рекорд во 1.МКЛ, откако се игра во формат од 120 кугли.