Продолжуваат викендов возбудавањата во најквалитетната македонска фудбалска конкуренција по паузата заради репрезентативните настапи на фудбалските селекции. На програмата е петтото коло во првата фудбалска лига. Неделниот меч помеѓу домаќинот ФК Македонија Ѓорче Петров и нашиот црвено-црн фудбалски колектив фудбалската федерација на земјава одлучи да го суди скопјанецот Александар Ставрев.
Веќе во новата сезона се одиграни четири одиграни кола, ФК Вардар се наоѓа на делба на првата позиција со битолски Пелистер, овие два тима досега успеаа да соберат по десет бодови. Тимот на Македонија ЃП се наоѓа на осмата позиција, со само два освоени бодови. По четири одиграни рунди, сеуште се немаат радувано на победа. На последните два натпревари, успеаа да одиграат две нерешени средби и тоа со Пелистер и Силекс. Мечот во недела е закажан со почеток во 16-00 часот.