Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Влатко Стојановски: Мојата желба е да се надградувам во Вардар и во иднина да стекнам интернационално искуство

Влатко Стојановски: Мојата желба е да се надградувам во Вардар и во иднина да стекнам интернационално искуство

Фудбалската Академија на Вардар има многу “бисери“ во своите редови, еден од нив е Влатко Стојановски. Тој настапува за Вардаровата генерација родени “2003“ година, која од сезонава е под водство на Томче Трајановски.  Минатата сезона истата генерација беше под “палка“ на Ане Андовски, кај кој Стојановски беше стандарден во составот. Тој ја заврши сезоната 2015/16 година во детската лига со 8 постигнати голови. Во следново наше интервју ве запознаваме токму со Влатко Стојановски.

-Уште како мал единствена играчка со која си играв ми беше топката. Моите први фудбалски почетоци беа во екипата на Ѓорче Петров. Мојот прв тренер беше Филип Арсовски. Фудбалската игра за мене пред се преставува силна страст за победа, дружење и многу истрчани километри на фудбалските терени. Давам се од себе за еден ден да постигнам барем дел од успесите на мојот идол Кристијано Роналдо.

Јуниор лигата беше нешто ново со кое се сретнаа младите генерации на Вардар.

-“Јуниор лигата“ за нас претставува одлична можност да размениме искуства, да ги надградиме нашите лични квалитети, како и можност да го почуствуваме вистинскиот натпреварувачки дух.

Оваа генерација во регуларниот дел од сезоната беше на првото место. Стигнаа во најдобрите осум екипи, каде беа поразени од Постолов Пандев

-Ние сме задоволни од играта на натпреварите од детската лига, одиграни минатата сезона. Се разбира дека секогаш може подобро, но сепак фалеше малку повеќе среќа во оние елиминациски натпревари.

Единствена желба на Влатко и во иднина да се занимава со фудбал.

-Сигурен сум дека ќе продолжам со овој спорт. Мојата желба е да се надградувам во Вардар и во иднина да стекнам интернационално искуство.

Тренер во новата сезона е Томче Трајановски, со кого беа на летниот камп во Охрид и на турнирот во Благоевград, на кој освоија петто место.

-Имаше многу спорт и дружење на летниот камп во Охрид. Подготовките течат одлично,во исчекување сме на многу поголеми резултати. Задоволни сме од постигнатите резултати во Благоевград. За нас тоа претставуваше голем предизвик да се биде дел од тој турнир, изјави Влатко Стојановски за нашиот сајт.

Звонко Ивановски