Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > (Видео) Црвено-црните ја остварија првата победа во СЕХА-лигата

(Видео) Црвено-црните ја остварија првата победа во СЕХА-лигата

Нашиот ракометен шампион стигна до првата победа во СЕХА-лигата, откако во градската пресметка беа подобри од екипата на Металург. Заслужена победа за црвено-црните кои во најголем дел од натпреварот имаа постојано водство. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 24:25. Јунак на натпреварот беше Петар Ангелов кој го запра последниот удар на Металург и го заврши мечот со 16 успешни интервенции. Алекс Душебев беше најефикасен со 7 голови.

Погледнете ги најинтересните моменти од овој натпревар: