Денес на теренот на Академијата на Фудбалскиот клуб Вардар свој првенствен дуел одиграа помладите пионери на црвено-црните. Тие беа домаќини на своите врсници од екипата на ФК Победа Прилеп. Тренерот на оваа генерација Сашо Јанев се одлучи со следниве 11-сетмина да го стартува овој дуел. Рамадани , Ѓурковски, Димоски, Ристевски, Манасиевски, Бојковски, Петковски, Ристовски, Ариф, Астарџиев и Николов.
Мечот го почнавме со целосна доминација на теренот во градски парк, топката беше целосно во наш посед, често атакувавме на голот на Чапкуновски. Првата поголема шанса ја имавме во деветтата минута кога ја погодивме гредата од гол-конструкцијата, Бојан Димовски упати удар со лева нога, а топката доби ефе и заврши во гредата. По одбиената топка од гол конструкцијата истата падна во казнениот простор настана мешаница која не ја искористивме. Во дванаесетата минута беше досуден пенал за црвено-црните, одлично истиот го реализираше Давид Ристовски кој го испрати голманот на спротивната страна и погоди десно по земја за 1-0. Веќе во следната акција поведуваме и со 2-0 , во соло акција беше Ибрахим Ариф кој умешно од 18сетина метра погоди по земја во спротивниот агол. По голот продолжуваме со атаци за да постигнеме и трет погодок. Голема прилика пропуштаме во 24 минута кога по досуден слободен удар одлично изведува Давид Астарџиев, топката доаѓа до Ибрахим Ариф кој неуспева да ја зафати како што треба од некој 7-8 метра. Продолжуваме да го загрозуваме голот на прилепчани и во продолжение, во 30 минута Давид Ристовски се обидува од 20 метра , топката минува неколку сантиметри крај голот на гостите. Во текот на целиот прв дел прилепчани немаа ниту една шанса, а нашиот голман Рамадани Суфјан речиси и да немаше работа во текот на првиот период, во кој целосно доминиравме на теренот.
Како што завршивме така и го почнавме вториот дел, со постојани атаци на голот на Чапкуновски Андреј , тргнавме со сите сили по третиот гол. Тој дојде во првите пет минути од продолжението кога Ибраим Ариф доби одличен центрашут и со глава погодува за 3-0 и комотно водство на црвено-црните помлади пионери, тоа беше негов втор гол денеска. Веднаш потоа тренерот Јанев почна да менува во составот и да уфрла играчи од резервната клупа. Голема шанса пропуштаме кога Давид Ристовски одлично продира и асистира по земја до Спировски Мартин кој е на 5 метра од голот, сепак одбранбениот играч на прилепчани Куковски во последен момент со клизачки старт исфрла во поле, а веднаш потоа своја прилика не реализира и Бојан Димоски. Стига наградата за нашиот труд во продолжение, погодуваме за 4-0 преку Бојан Димоски кој конечно му се посреќи и по неколку обиди денес погодува ефектно. По овој гол прилика за настап добива и Андов Матеј кој на голот го заменува Рамадани. Ремек-дело за “петарда“ на црвено-црните, слободен удар на 20 метра одлично го изведува Давид Ристовски кој погодува одличен статива-гол и добива аплаузи од присутните. Хасиќ Самир во продолжение има убава прилика за шести погодок, но неуспева да погоди. Шанси се редат во продолжение пред голот на прилепска Победа, целосно гостите се ориентирани на одбрана. Спировски Мартин во финишот шутира одлично, но голманот на гостите е одлично поставен и брани.
Ова е втора победа за оваа генерација во првенството, каде има и еден пораз и нерешен резултат.