Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Пионерите високо ја совладаа Победа, момците на Тодоровски имаат 4 од 4 во лигата

Пионерите високо ја совладаа Победа, момците на Тодоровски имаат 4 од 4 во лигата

На теренот на Академијата на фудбалскиот клуб Вардар пионерите на црвено-црните се сретнаа со екипата на ФК Победа од Прилеп. Нашите момци избраниците на Сашо Тодоровски остварија победа со резулат 4-1 (3-1). Ова беше четврта победа во четвртиот дуел за оваа генерација во сезонава 2016/2017 во пионерската лига. Мечот го почнавме со Мето Велковски на голот, во составот беа Каркалашев-Трајковски Горјан, Антовски Филип, Ѓоѓиевски Александар, Стојчевски Марко, Дарлишта Кренар, Адем Али, Ѓорѓиевски Марко, Бериша Јакуп, Пешевски Виктор и Саид Бетиќи.

Тргнавме уште по првиот свиреш на судијата Божиновски во атак на голот на Вурменски Бојан, прва шанса имавме преку Кренар, потоа Пешевски се обиде сепак одбраната го блокираше неговиот удар. Првиот дел изобилуваше со наши шанси и погодоци. Марко Ѓорѓиевски се обиде потоа со волеј удар кој заврши крај стативата, истиот играч две минути потоа имаше прилика која не ја реализира по асистенција на денес одличниот Пешевски. Конечно по серија шанси погодуваме, во соло продор беше Бетиќи кој иако под фаул успеа да додаде до Јакуп Бериша кој “егзекутираше“ за 1-0 и отварање на овој дуел во кој видовме пет погодоци. Ѓорѓиевски Марко повторно е во прилика упатува силен волеј удар кој Вурменски успева да го одбрани. Потоа се редеа нови и нови шанси пред голот на прилепчани, кои целосно беа дефанзивно ориентирани. Најпрвин Јакуп Бериша имаше шанса сам на сам и неуспеа, потоа Марко Ѓоргиевски по одличен центар-шут од левиот агол на теренот по еден корнер со глава стрела над голот. Дојде и казната за нашите серија промашување пионерите на ФК Победа-Прилеп изедначуваат за 1-1 по грешка на комплетната одбара на црвено-црните на чело со Велковски. Шансите пред голот на Вурменски продолжуваат, Бериша повторно не успева да погади бидејќи гостинскиот голман е на место. За среќа наша проработе дуото Ѓорѓиевски-Бетиќи, најпрвин по десната страна Саид одлично издрибла направи соло продор и додаде во срцето на казнетиот простор до Марко кој рутинирано погоди поземја за 2-1. Веќе во следната прилика Марко Ѓорѓиевски е во соло продор, фаулиран е и досуден е пенал кој го изведува Бериша тој шутира во средината на голот додека голманот на гостите се фрла десно и погодува за 3-1 резулат кој ќе се покаже како конечен. До крајот на првиот дел имаме шанса преку Бетиќи кој со глава шутира над голот.

ty2

Вториот дел го почнавме повторно офанзивно трагајќи по четврти погодок. Бетиќи ја има првата прилика која не ја реализира, веднаш потоа Марко Ѓорѓиевски е во соло продор, но одбраната расчистува во последен момент. Тренерот Тодоровски почнува да го освежува тимот од клупата во продолжение. Саид Бетиќи добива директен црвен картон, по што остануваме со десет играчи во поле. Поради овој факт во продолжението играме помирно со помалку напади, ја држиме топката во нашите нозе и долго комбинираме во продолжение.  Антовски Филип се обидува со силен удар од 25 метра, топката идеше силно сепак на место беше Вурменски кој одлично одбрани, тој беше еден од најзаслужните што гостите од Прилеп не заминаа со полна мрежа денес. Марко Ѓорѓиевски повторно солира, избива сам, шутира силно, но топката завршува во надворешниот дел од мрежата. Бериша има во продолжение три прилики, првите две не успева да ги претвори во гол. Сепак во третата погодува за 4-1 резулат кој ќе се покаже во продолжение како конечен исход од овој пионерски првенствен дуел. Докрајот за одбележување е двојната прилика на Ристовски Кристијан, кога на двапати Вурменски бранеше одлично и уште една прилика на Бериша која неуспевме да ја претвориме во “петарда“. Вардарци  денес беа одлични доминираа во сите аспекти на фудбалската игра во овој меч. Ова беше четврта последователна победа во исто толку мечеви, за двојните шампиони во пионерската конкуренција од минатата сезона.