Екипата на Лајпциг од Германија ќе биде последниот противник за Вардарки во групната фаза на лигата на шампиони. Ова е епилогот од квалификацискиот турнир, на кој во финалниот меч, Лајпциг беше поуспешен од екипата на Хипо. Резултатот на овој дуел гласеше 32:30. Најзаслужна за победа на Германките, беше полската репрезентативка Каролина Кудлач која постигна 9 гола.
Со овој противник игравме во сезоната 2014/15 и тоа во главната рунда, кога по една победа им припадна на двете екипи. Со Лајпциг ќе играме во рамките на второто и шесттото коло, додека покрај нив во групата се наоѓаат уште екипите на ФТЦ Будимпешта и Астраханочка. Сезоната во најголемото ракометно натпреварување ја отвараме со натпревар на домашен терен, против екипата на ФТЦ Будимпешта, меч кој ќе се одигра на 15-ти октомври.