Младите фудбалски надежи на ФК Вардар од генерацијата родени 2002 година вчера го забележаа деби настапот во новата лига, во истата бевме домаќини на екипата на ФК Башкими од Куманово на теренот при Академијата на Фудбалскиот клуб Вардар во градски парк. Избраниците на Ѓоргиевски Петар забележаа висока победа со резулат 6-0 (5-0).
Стрелци на шесте победнички гола за црвено-црните момци беа: Омерагиќ Азер (2), Марио Илиевски, Атом Фазљиу, Речица Харбин и Игнатов Леонид. Во продолжение може да погледнете фотографии од овој деби дуел на оваа генерација, а комплетниот извештај од овој првенствен дуел може да го погледнете- ТУКА.