Пролетниот дел од сезоната само што започна, а Дејан Блажевски покажува уште на стартот дека ќе биде огромно засилување за Вардар, и ќе ја има задачата да постигнува голови.
Занего започна одлично, на првиот натпревар во Кратово постигна два извонредни голови, првиот беше со лоб удар, а вториот со шут од преку 35 метри.
На вчерашниот натпревар пред своите навивачи, популарниот Шиле запиша уште еден гол. Имаше уште неколку прилики за постигнување на нови погодоци, но застана на 3 голови, од 2 натпревари во дресот на Вардар.
Очекуваме оваа голгетерска низа на Шиле да продолжи и во Турново во недела.