Жрк Вардар ја забележа 12 победа, во исто толку натпревари во супер лигата. Денес во салата во автокоманда беа подобра екипа од Металург, совладувајќи ги со резултат 31:22. На овој дуел, Кастратовиќ настапи во својот најсилен состав. Во текот на целиот меч имаа водство, кое достигнуваше и до позитива од 11 голови. На полувреме се замина со резултат 17:7.
Во вториот дел, шанса од клупата добија и останатите ракометарки, како загревање за она што ги очекува во сабота во Лигата на Шампионите, против екипата на Динамо Синара. Алтхаус заработи незгодна повреда на лицето, што беше принудена да го напушти теренот во 20 минута. Се надеваме дека со неа се ќе биде во ред, и ќе може да настапи на саботниот натпревар.
Најефикасни на денешнот дуел беа Радичевиќ со 8, и Черноиваненко со 6 гола.
Вардар: Петковска, Лејно, Суслина, Радичевиќ 8, Гакидова, Николиќ 1, Лазовиќ 2, Дембеле, Сокач 3, Алтхаус, Кликовац 3, Пенезиќ 2, Черноиваненко 6, Ихнева 2, Хмирова 1, Лекиќ 3.
Фото: жрквардар мк.