Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Ива Божиноска: Среќна сум што повторно ми пружија шанса да играм во првиот тим
Ива Божиноска: Среќна сум што повторно ми пружија шанса да играм во првиот тим

Ива Божиноска: Среќна сум што повторно ми пружија шанса да играм во првиот тим

Вчера во малата сала во С.Ц. Јане Сандански, избраничките на Индира Кастратовиќ го одиграа првиот натпревар во вториот дел од сезоната во Супер лигата. Без поголеми проблеми, како на тренинг забележаа убедлива победа против екипата на Жито Прилеп. Конечниот рeзултат гласеше 46:20.

На овој меч Кастратовиќ им даде шанса за настап и докажување на помладите ракометарки. Меѓу нив беа и Анастасија Николовска (5), Ива Божиноска (4), Моника Георгиевска (2) постигнати голови, потоа Александра Вељаноска, како и младата голманка Јована Мицевска. Сите овие ракометарки се дел од кадетската и младинската екипа на Вардар.

-Чуството да си дел од тим со врвни имиња е непроценливо. Лично од мојот настап, јас сум задоволна. Бев среќна што повторно ми пружија шанса да заиграм во првиот тим. Оваа игра ми е од големо значење, потик за понатамошните резултати, успеси и можности. Секако и можност за докажување на своите способности и квалитети, изјави Ива Божиноска за Вардарфанс.

Звонко Ивановски