Жрк Вардар го одигра првиот натпревар во супер-лигата во вториот дел од сезоната, против екипата на Жито Прилеп. На натпреварот кој се одигра во малата сала во С.Ц. Јане Сандански, Вардарки забележаа убедлива победа со резултат 46:20. Она што посебно треба да се истакне е дека на овој дуел, Кастратовиќ им даде шанса за настап на голем број млади ракометарки. Голем број на Македонски ракометарки успешно се промовираа на денешниот натпревар, кој би требало во иднина да бидат главната сила на Вардар.
Драгана Петковска доби шанса да биде стартер на голот, а нејзина замена беше помладата Јована Мицевска.
-Како прв натпревар од женската супер лига против екипата на Жито Прилеп, јас сум задоволна. Сите девојки одиграа одлично. Секоја од нас што доби шанса вистински ја искористи, па и помладите девојки кои се трудеа да го дадат својот максиум.
Ова беше полесен тренинг пред дуелот што ги очекува во ЛШ, против екипата на Динамо Синара.
-За натпреварот во сабота, според мене ќе биде тежок. Сепак верувам во мојот тим дека ќе направиме добар резултат, изјави Драгана Петковска за Вардарфанс.
Звонко Ивановски