Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Во сабота почнуваат суперлигашките предизвици за РК Вардар јуниор и ЖРК Вардар СЦЈС

Во сабота почнуваат суперлигашките предизвици за РК Вардар јуниор и ЖРК Вардар СЦЈС

miki

Ракометната Супер лига во престојниот викенд ќе го има своето отварање во двете конкуренции машка и женска. Првите тимови на РК Вардар и ЖРК Вардар нема да настапуваат во разигрувањето се до плеј-оф фазата, но затоа тука се двата млади сениорски колектива вторите тимови на црвено-црните во двете конкуренции кој стартуваат со мечеви.

Машкиот тим РК Вардар Јуниор и тимот на дамите ЖРК Вардар СЦЈС (екс Јуниор) во сабота на 17-ти септември ќе ги имаат деби мечевите во најсилната македонска ракометна лига. Двата тима во првото воведно коло ќе бидат гости. Нашиот Вардар СЦЈС сезонава како и лани ќе биде предводен од Симе Симовски, во првото коло  ќе и гостува  екипата на Металург во салата во населбата Автокоманда. Недела потоа на домашен терен во С.Ц “Јане Сандански “ ќе го одигра првиот домашен дуел каде ќе биде домаќин на екипата на ЖРК Овче Поле. Момците од Вардар Јуниор новата сезона во суперлигашката  конкуренција ќе ја започнат на гостински терен, против екипата на РК Прилеп, а пак  во второто коло ќе бидеме домаќини на екипата на Тинекс Пролет.  Во новата сезона екипата ќе ја предводи Стојан Петрушевски, која ќе биде доста подмладена, составена претежно од играчи кои минатата сезона беа вицешампиони во Првата ракометна лига на земјава.