Вчера се одигра првиот коло сезона во женската ракометна лига, во истиот ракометарките на Вардар СЦЈС во дербито се сретнаа со ЖРК Металург. Бевме тесно поразени со гол во последните секунди од дуелот. Резултатот по 60 минути игра во Автокоманда беше со 22-21, а тој на полувремето беше нерешен 10-10.
Имавме водство 0-2 на почетокот на натпреварот, сепак домаќинките влегоа во мини серија 4-2 и изедначија на 4-4. Се играше гол за гол на двете страни резултатот постојано се изедначуваше се до 7-7. Кога со два едноподруго погодоци избраничките на Симовски уште еднаш има два гола предност во првото полувреме со резулат 7-9. До крајот на првиот дел се играше многу борбено со малку погодоци. Избраничките на Петрушевски домашните ракометарки успеаа да направат серија во финишот 3-1 и да го одведат мечот на пауза со резулат 10-10. Први со погодок вториот дел го отворија домаќинките, тоа беше прво водство за нив на овој дуел. Избраничките на Симе Симовски направија серија од 0-3 и поведоа со 11-13, но за кратко бидејќи плаво-белите девојки брзо изедначија на 13-13. Во продолжението се играше „гол за гол”, и ниту една од двата тима не успеа да се одлепи. Нашата ракометарка Керамичиева во 26 минута од вториот дел израмни резултатот на 21-21 по овој гол двете екипи имаа четири “стерилни“ минути се до финишот кога Габриела Величковска погоди за домаќинките и со тој резултат 22-21 тие го добија мечот. Прв стрелец во нашиот тим беше Керамичиева со 7 погодоци, веднаш зад неа на листана на најефикасни во црвено-црниот табор беа Прленда и Стојановска кои постигнаа по 4 гола во мрежата на домаќинките.
ВАРДАР СЦЈС: Белмезова, Прленда 4, Стојановска 4, Трпковска 2, Георгиевска 1, Николовска, Митова, Бојаџиска, Тодоровска 1, Нолевска 2, Станиќевска, Петковска, Керамичиева 7, Мишевска, Божиноска, Гичевска. Седмерци: 5/7