Црвено-црниот фудбалски колектив во новата сезона 2016/2017 се вклучува во ЦСР кампања „Стоп за дискриминација“ која што ќе трае во текот на целиот шампионат. Вардар покажа дека е голем клуб и дека е општествено одговорен субјект. На мечот со ФК Работнички, по покана на ФК Вардар беа присутни и 22 члена на Здружението на граѓани за третман на лицата со Аутизам, АДХД и Аспергеров синдром „Во мојот свет“. Проект има цел да се осигура дека луѓето од маргиналните групи се прифатени во општеството и да се крене нивото на совест за предизвиците со кои се соочуваат овие луѓе.
Здружението истакнаало задоволност и благодарност од овој проект на клубот. Членовите на ова здружение имаа можност да се запознаат и дружат со нашите фудбалери и со нашиот стручен штаб, и да го проследат натпреварот помеѓу Вардар и Работнички.