Левото крило на Вардар, Владо Недановски ќе го пропушти мечот со Кристијанштад во лигата на шампиони. Тој на натпреварот со Татран Прешов доби повреда, по што мораше да го напушти теренот. Лекарските прегледи установија дека се работи за дисторзија на скочниот зглоб, по што ќе мора да мирува најмалку десеттина дена. По неговата повреда, Вардар останува на позицијата лево крило само со Тимур Дибиров.
Останува да видиме дали на гостувањето во Шведска ќе отпатуваме само со едно лево крило, или дополнително ќе биде повикан друг играч.