Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Старт на кадетското првенство викендов за двете женски екипи на Вардар

Старт на кадетското првенство викендов за двете женски екипи на Вардар

Викендов ќе стартува кадетската лига за ракометарки организирана од ракометната федерација на земјава. Црвено-црниот женски колектив сезонава ќе настапува со две екипи во истата конкуренција со цел повеќе девојки да бидат вклучени во натпреварувачки процес во оваа старосна категорија. Наши први противнички викендов се екипите на Стружанка и Вардар Неготино, женскиот клуб  Вардар е единствен клуб во оваа конкуренција со два колектива.

Дополнително покрај во кадетската лига со цел да имаат повеќе мечеви зад себе , дел од кадетските ќе играа и за младинските екипи и во пионерските согласно старосната граница. Главна цел што е можно  да имаат повеќе натпревари овие девојки. Кадетската лига во земјава ќе биде поделена во две групи (Група 1 и Група 2). Тимот на Вардар чии кормилар ќе биде  Драгана Ристова се наоѓа во Група-1  во истата ќе се натпреварува со тимовите на: Металург, Вардар Неготино, Куманово, Делчево Вардар и Велкова 5.  Другата екипа  предводена од Анжела Платон ќе игра под името  Вардар СЦЈС  и своите натпревари ќе ги игра во Група-2 каде се наоѓаат екипите на: Преспа Нова, Стружанка, Лихнид, Пелистер и Кичево 10. Шампионот во кадетска конкуренција ќе се одреди со завршен Ф-4 турнир во кој ќе настапат најдобрите екипи во двете групи, тие ќе вкрсат по моделот 1-2, 2-1 односно првиот од едната група ќе го има за противник второпласираниот во другата група. Со тоа што имаме две екипи можност се отвара да ја освоиме  шампионската и вице-шампионската титула во иста конкуренција сезонава. Викендов закажани се првите мечеви во овие термини :

  • Сабота: Вардар – Вардар Неготино 11-00 часот, сала “Кале“,
  • Сабота: Вардар СЦЈС – Стружанка 13-00 часот, сала “Кале“.

НАПОМЕНА: На двата дуела кои кадетките на Вардар ќе ги одиграат во спортско рекреативниот центар “Кале“ влезот е бесплатен.