Дуелот од петтото коло помеѓу Вардар и ППД Загреб во лигата на шампионите, според ЕХФ е прогласен за натпревар на колото. Истиот ќе се одигра на 22-октомври во Загреб со почеток од 20 часот и е дел од силната група Б. На него специјален гостин ќе биде коментаторот Том О“Бранаген.
Двете екипи веќе одиграа еден меч и тоа во рамките на сеха-лигата. Победник беше Вардар, кој во арената Јане Сандански го совлада шампионот на Хрватска со резултат 32:31. Веќе во недела ќе го имаме првиот тест во ЛШ, против екипата на Кристијанштад.