Во сабота своето шестто коло од првенството на младинските категории ќе го одиграат пионерските екипи на ФК Вардар. Колото за кадетите и младинците е одложено, поради настапот на Вардаровите младинци во лигата на шампионите. Противник за пионерските екипи ќе бидат врсниците од Гостивар.
Први на теренот во населбата Јане Сандански ќе излезат помладите пионери на Вардар, меч кој ќе започне во 10 часот. Гостивар е непознат противник за нашите млади надежи, кои се фаворити за освојување на трите бода на овој натпревар. Оваа генерација предводена од Сашо Јанев полека влегува во посакуваната форма, откако врза две последователни победи кои беа многу убедливи.
Веднаш после нив својот меч ќе го одиграат и пионерите, со почеток од 12 часот. Во минатото коло избраниците на Сашо Тодоровски испуштија два планирани бода, откако не успеа да триумфираат на гостувањето во Штип. Голем број на пропуштени шанси на крајот не чинеа само нерешен резултат во дуелот со Брегалница. Тоа беше прв нерешен резултат за Вардар, кои имаат уште и четири победи. Во очекување сме да се вратиме на победите и да продолжиме со добрите игри во новата сезона.