Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Лоша игра на Вардар, одземени планирани два бодa

Лоша игра на Вардар, одземени планирани два бодa

Вардар од Тетово се враќа со eден бод 0:0. Нашиот тим денеска не успеа да ја начне мрежата на Ренова и да стигне до планираните три бодови. Вардар денешниот дуел го започна во следниот состав: 90. Гачевски, 7. Љамчевски, 6. Грнчаров, 21. Новак, 77. Брдаровски, 8. Спировски, 16. Глигоров, 97. Петковски, 70. Фелипе, 10. Којашевиќ, 89. Боарето.  Голем љубилеј денеска прославува нашиот играч со број 16 Никола Глигоров. Ова е 150 официјален натпревар за Глигоров во црвено – црниот дрес.

Во 6 минута од натпреварот Ренова ја имаше првата можност на овој дуел. Јусуфи украде топка на средината на теренот, стигна до дваесетина метри, шутираше за малку крај левиот дирек од голот на Гачевски. Во 15 минута Вардарци прв пат се заканија на овој дуел преку Фелипе, но неговиот удар отиде за малку покрај голот на домаќините. Потоа се играше тврдо, воглавно нашиот тим ја држеше топката во свој посед, но без некоја посериозна шанса за прв гол денеска. Во 23 минута нашиот играч Спировски го доби првиот жолт картон на овој дуел. Потоа во 23 минута Гафури опасно нафрли во нашиот шеснаесетник, но Гачевски топката ја одби и ја отсрани опасноста. Во 24 минута и кај Ренова беше доделен првиот жолт картон и тоа за Фисник Нухи. По првиот дел резултатот беше 0-0.

felipe-fkvardarВо вториот дел Вардарци започнаа офанзицно. Во Вардар извршени две измени. Излегоа Петар Петковски и Стефан Спировски, во игра се Јасир Асани и Бобан Николов во 46 минута. Во 48 минута Фелипе упати еден удар кон противничкиот гол но по одличното проигрување од Боарето, но повторно само над голот. Потоа во 68 минута новиот наш играч кој влезе во игра Велковски Дарко упати удар но без промена на резултатот. Во 75 минута Владица Брдаровски одилично мина неколку играчи на Ренова, но во последен момент еден играч на Ренова ја отстани опасноста. Вардар бараше начин до крајот на натпреварот како да го пронајде патот до мрежата на домаќинот, но на овој натпревар тешко му одеше тоа. Со најнепопуларниот резултат заврши овој дуел, многу лоша игра на нашиот тим денеска.