Sunday ,24 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалес: Ако сакаме да победиме мора да одиграме на нашето препознатливо ниво – Стоилов: Се надевам дека публиката повторно ќе се врати во салата за натпреварите од ЛШ

Гонзалес: Ако сакаме да победиме мора да одиграме на нашето препознатливо ниво – Стоилов: Се надевам дека публиката повторно ќе се врати во салата за натпреварите од ЛШ

Нашиот ракометен шампион во пресрет на неделниот натпревар од лигата на шампионите, против екипата на Брест Мешков денес одржи прес-конференција на која пред медиумите ги искажа своите очекувања од овој меч . Ова ќе биде втор натпревар за црвено-црните во најголемото ракометно натпреварување. Како што веќе знаеме во првото коло бевме убедливи на гостувањето против тимот на Кристијанштад. На денешниот прес се обратија тренерот Гонзалес и капитенот Стојанче Стоилов кои очекуваат серијата на победи да продолжи и во недела пред својата публика.

Во сабота го играме вториот натпревар од Лигата на шампионите, против екипата на Брест Мешков. До овој период на сезоната играме добро и се наоѓаме во победничка форма. Веќе одигравме два натпревари со следниот наш противник оваа сезона. Најпрво изгубивме во подготвителниот период на турнирот во Брест, а подоцна во Скопје одигравме нерешено во рамките на СЕХА лигата. Имаат добри играчи, со многу цврста одбрана, а исто така се ефикасни од контранапад. Треба да победиме, но мораме да одиграме на потребното ниво во текот на сите 60 минути. Ако сакаме да направиме нешто повеќе мораме да победуваме. Гледавме видеа од нивните натпревари, тренинраме интензивно и со нетрпение го очекуваме неделниот меч. Не знам како ќе се одвиваат работите во оваа сезона, но треба да покажеме дека можеме да направиме нешто повеќе од минатата, рече Раул Гонзалес.

Капитенот Стоилов напомена дека победите не треба да не залажауваат и мирни да го дочекаме мечот со Брест Мешков.

-Се наоѓаме во добра позиција, играме атрактивно и добар ракомет. Сепак не треба да летаме туку да бидеме мирни, да останеме со ладни глави и приземјени да го дочекаме натпреварот со Брест Мешков со недела. Да покажеме декаоној прв меч во СЕХА лигата беше само лош ден за нас. Искрено се надевам дека публиката повторно ќе се врати во „Јане Сандански“ за натпреварите во лигата на шампиони, изјави Стојанче Стоилов.