Младинците на ФК Вардар на денешниот дуел со сретнаа со врсниците од фудбалскиот клуб Работнички. Овој натпревар заврши со 1:0 (0:0) со голот на Најдоски во вториот дел по одлична асистенција на Димков.
На овој натпревар Вардар започна во следниот состав: Трајчевски, Ричков, Тодоровски, Исмаил, Личина, Тодороски, Димитровски, Димков, Додевски, Беќири и Најдоски.
Во првиот дел се играше многу неквалитетен фудбал. Нашите играчи во првите 20 минути од дуелот ја имаа топката во свој посед но не створија посериозна шанса за гол. Во втората половина од првиот дел Вардарци својата шанса ја гледаа само преку високи топки, но одбраната на Работнички успешно ја расчистуваше опасност. Дамјан Велигденов потоа издрибла неколку играчи во гостинскиот тим, но пропадна и таа можност. Работнички во овој прв дел имаше повеќе шанси да го загрози голот на Трајчевски, но ниту двете екипи во првиот дел не шутнаа во рамките на голот на Трајчевски и Јанков. Во овој прв дел Димков доби жолт картон, исто така во неколку наврати во првиот дел играчите на двете екипи се ”кошкаа” меѓу себе.
Во вториот дел Најдоски ја имаше првата можност за Вардар, но Јанков беше по брз и ја собра оваа топка. Гооол за Вардар. Одлична топка нафрли Димков, која дојде до Најдоски, кој со извонреден удар го носи Вардар во водство. По голот се играше исклучиво на средината на теренот со иницијатива на двете екипи. Во Вардар се изврши и првата замена. На местото на Виктор Димков во игра влезе напаѓачот Ердон Даци. Во втората половина на вториот дел Вардар умно го чуваше својот гол, а Работнички се мачеше да дојде до посериозна шанса за гол. Одлична шанса за Работнички. Дамјан Велигденов се најде во одлична можност да го загрози голот на Вардар, но биеше над голот на нашиот тим малку од косо. Како се наближуваше крајот, така тимот на Работнички ја превземаше иницијативата, но нашиот тим добро си ја извршуваше својата задача во нашата половина. Ердон Даци имаше одлична шанса да стави точка на средбата, но не виде дека голманот на Работнички е многу излезен од својот гол. Пропадна оваа можност за Вардар. Втора измена во Вардар при крајот на натпреварот. На местото на Јасир Беќири во игра влезе Џуклески Иво. Последна измена во Вардар, влегува Едис Хамзиќ на местото на Додевски Дарко. Крај на натпреварот, нови три бода за младинците со победата од 1:0.