Денес на терените на фудбалската федерација на Македонија се одигра второто коло во детската фудбалска лига. Вардаровата генерација предводена од Игор Кралевски повторно имаше одлични настапи забележувајќи две убедливи победи.
ФК Вардар(1) за противник ја имаше екипата на Нова Колонија, која ја совлада со резултат 6:0. Вардарци уште од самиот почеток имаше иницијатива на теренот не дозволувајќу му на противникот многу да игра. Никола Величковски успева да го отвори резултатот и да го донесе Вардар во водство од 1:0. Нов играч кој се обиде во нашите редови беше Тино Спасиќ, кој бие но голманот брани со крајни напори. Матеј Гаштаров беше новиот играч кој шутираше кој упати удар од голема далечина кој завршува покрај голот на Нова Колонија. Величковски беше доста борбен на теренот, повторно се најде во ситуација да погоди , но противничкиот чувар на мрежата спречува поголема негатива. Уште една голема шанса за нашиот тим, денес расположениот за игра Ѓорѓи Дошев се обиде, но сеуште резултатот останува оној од 1:0. Стигна и вториот погодок кој го постигнавме преку Филип Јовановски по одлична асистенција на Ѓорѓи Дошев. Во продолжение повторно во шанса Јовановски, сепак голманот на нашиот противник беше поуспешен. Истиот играч имаше прилика од слободен удар, упати прекрасен удар кој сепак заврши крај голот на Нова Колонија. До крајот на полувремето имавме прилика и од пенал , истиот не успеа да го претвори во гол Давор Серафимов.
Во вториот дел влеговме растеретени со солидно водство од првиот дел, тргнавме офанзивно со цел да го решиме мечот брзо. Погодуваме на почетокот за 3-0 преку Матеј Николовски. По овој гол тренерот Кралевски менуваше и го освежуваше тимот тоа донесе до теренска надмоќ, која ја крунисавме со гол за 4-0 преку Стефан Наумовски. Од минута во минута игравме подобро, пукнавме “петарда“ во голот на Нова Колонија , стрелец на голот за 5-0 за црвено-црните беше Филип Јовановски. До крајот се беше формалност победата беше сигурна, нашата игра одлична . Во продолжение погодува Пројковски за 6-0, резултат кој подоцна се покажа како конечен на овој дуел што донесе нов триумф во детската лига за нашите момчиња.
Триумф забележа и Вардар (2) во дуелот со екипата на Драчево Јуниор. И на овој дуел имавме потполна доминација и офанзива кон противничкиот гол. Прв кој се закани кон голот на Драчево Јуниор беше Кристијан Таневски, кој биеше со глава над голот. Имавме можност да поведеме преку Симеон Здравковски кој промапи удар од белата точка. Сепак неговата грешка ја исправа Горјан Цветков кој погодува од истово место, откако противникот направи три корни. Продолживме со константен притисок на половинагта на Драчево, во обид и Симеон Зравковски но овој пат брани голманот. Успеваме да постигнеме уште еден гол во мрежата на Драчево. Овој пат Филип Радевски погодува за водство од 2:0. До крајот на првото полувреме уште еден гол во противничката мрежа, за резултат 3:0. Втор погодок зад името на Горјан Цветков.
На стартот на второто полувреме успеваме да постигнеме уште еден гол за веќе убедливи 4:0, по што беше јасно кој ќе ги освои бодовите од овој натпревар. Стрелец на голот беше Бојан Јаневски Борбениот Лука Јакимовски во нова шанса, брани голманот на Драчево. Бојан Јаневски влегува во серија на погодоци уште еден погодок зад неговото име за веќе убедливи 5:0. Филип Радевски по втор пат на овој дуел погодува за водство од 6:0. До крајот на мечот хет-трик за Горјан Цветков, кој денес беше еден од подобрите на теренот. Конечниот резултат гласеше 7:0.
Нови одлични натпревари за оваа генерација која во новата сезона ја предводи Игор Кралевски. По две одиграни кола двете екипи на Вардар имаат максимален број на освоени бодови.