Младата екипа на РК Вардар 2 со победа ја започна новата сезона во првата ракометна лига. Избраниците на Зоран Петковски славеа на гостувањето во Струга, против истоимената екипа на отварањето на првенството.Конечниот резултат гласеше 23:27.
Добрата одбрана на црвено-црните беше пресудна за конечниот триумф. Уште на стартот најавивме дека сме дојдени по цел “плен“ од ова гостување, каде имавме стартна предност од 2:8. Имавме контрола на играта во текот на целиот меч и не дозволивме противникот да се закани кон нашата предност. По првото полувреме резултатот беше 7:13. На овој натпревар сите добија шанса за докажување и докажаа дека имаат квалитет за да се надградуваат и понатаму во подобри играчи. Во второто полувреме само го задржавме стекнатото водство и на крајот заслужено славевеме за прв триумф на оваа млада и надежна генерација, од која во иднина треба да излезат играчи кои би настапувале за првиот тим на РК Вардар.
Настапивме во состав: Брауновиќ, Трпевски, Чакалиќ, Дамчески, Амзоски, Димитров, Ѓоршоски, Стошиќ, Апостоловски, Стојановски, Трајковски, Мишевски, Гичев, Лазов, Мицаноски и Крстевски.
Најефикасни беа Стефан Крстевски и Марко Мишевски со по 4 гола. Томче Стојановски, Дамјан Трајковски и Милош Стошиќ беа стрелци на 3 погодоци.