Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втора последователна победа за кадетките на Вардар СЦЈС во лигата
Втора последователна победа за кадетките на Вардар СЦЈС во лигата

Втора последователна победа за кадетките на Вардар СЦЈС во лигата

Женската кадетска екипа на Вардар СЦЈС успеа да забележи победа на гостувањето во Битола, против екипата на Пелистер. Избраничките на Анжела Платон и Александра Кузмановска славеа со резултат 21:34.

Младите Вардарки одлично го започнаа овој натпревар, на кој по првите пет минути игра имавме предност од 0:3. Продолживме и во следните минути со добра игра, што резултираше со наша зголемена предност од 3:8. Во следниот период следеше пад во нашата игра, што му овозможи на противникот со серија од пет последователни гола да го израмни резултатот на 8:8. Дури пред крајот на првото полувреме, Пелистер успеава да поведе со два гола разлика 13:11, но црвено-црните вратија на ист начин и на полувреме се замина со нерешен резултат од 13:13.

Второто полувреме започна идентично како и првото, повторно првите три погодоци им припаднаа на нашиот тим, за повторно да се одлепиме на 13:16. Решавачкиот момент се случи кога Вардар успева со нова серија да поведе со највисоки седум гола разлика 15:22, што се покажа како одлучувачки период за конечниот победник. Пелистер немаше сили повторно да се врати во натпреварот, додека составот на Вардар умешно ја одржуваше стекнатата предност. Крајот рутински го приведовме, забележувајќи ја на тој начин втората победа во лигата.

Повторно најефикасна во нашиот состав беше Анастасија Нелоска со 12 погодоци. Ива Цветковска постигна 7, додека Бојана Диневска додаде 5.

Вардар СЦЈС: Бабунска, Ивановска 3, Дамовска 1, Танчева, Нелоска 12, Величковска, Мицевска, Атанасова 1, Трпевска 1, Митровска 1, Стојчевска, Диневска 5, Сандева 1, Блажевска 3, Трајкова, Цветковска 7.