Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > (ФОТО) Момците на Кралевски како “Вардар експрес“ се прошетаа низ Охрид, тие дадоа дури 20 гола на два меча во “Јуниор лигата“
(ФОТО) Момците на Кралевски како “Вардар експрес“ се прошетаа низ Охрид, тие дадоа дури 20 гола на два меча во “Јуниор лигата“

(ФОТО) Момците на Кралевски како “Вардар експрес“ се прошетаа низ Охрид, тие дадоа дури 20 гола на два меча во “Јуниор лигата“

Денес на програмата е второто коло во фудбалската Вардар Јуниор Лигата, истото  се одигра во градот Охрид  на Градскиот стадион. Денес се натпреваруваа генерациите  2005 и 2007 . Нашите момчиња од генерација 2005 избраниците на Кралевски одиграа два дуела и на двата постигнаа победи со по фантастични 10-0. Оваа генерација во рацете на овој фудбалски педагог стана убиствена , тие вчера забележаа две големи победи и во детската лига.

kral

Во првиот дуел се сретнавме со врсниците од ФК Прилеп во овој дуел како што рековме победивме со 10-0. Доминиравме во текот на целоот меч, противниците имаа што да научат од нашите момчиња. Стрелци за нас беа на овој дуел беа пет момчиња кои постигнаа по два гола секој од нив.  Стрелци на по два погодока беа: Никола Величковски, Горјан Цветков, Матеј Гаштаров, Пројковски Петар и Ѓорѓи Дошев.

kralevci

Потоа во рамки на фудбалскта Јуниор вардарова лига се сретнавме со врсниците од тимот на ФК Еврофудбал, исто како и прилепќани и тие ја осетија нашата надмоќ и беа приморани да ја вадат топката од мрежата дури 10 пати. Овде повторно пет момчиња стрелаа, Никола Величковски на овој меч погоди тре пати, или вкупно денес има пет гола. Ѓорѓи Дошев, Лука Јакимовски и Филип Јовановски постигнаа по два погодока денес во мрежата на Еврофудбал, а пак Тино Спасиќ стрелаше еднаш.
Фотогалерија- ви носиме во продолжение од овие два фдуели на нашите момци одиграни во рамки на 2.коло во фудбалската Вардар јуниор лига во Охрид.